196
На денешната прес конференција Вардар го промовираше Илија Најдоски во нов технички директор со што продолжи ревардаризацијата во нашиот најтрофеен клуб.
„По долго време повторно се враќам во Вардар. Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа. Се надевам на добри резултати во соработка со стручниот штаб и со останатите. Со моето искуство ќе помогнам околу екипата и спортскиот дел. Верувам дека Зенит беше само еден лош ден, сметам дека против Розенборг и во другите натпревари од групата тимот ќе биде подобар“, изјави Најдоски.