Најдобриот стрелец во Чемпионшип доби висока казна за плукање противник

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер Борха Саинц е казнет со шест натпревари неиграње од страна на англиската ФА, плус санкција од 12.000 фунти.

Најдобриот стрелец на Чемпионшип лигата во натпреварот против Сандерленд (2-1) на 21 декември плукна противник во лице. Тој потоа го призна делото и призна дека се кае, а дури и му се извини на Крис Мефам.

Сепак, ФА не му прости и драконски го казни најдобриот фудбалер на Норич.

Оваа сезона Саинц во Чемпионшип лигата котира на врвот на листата на стрелци и веќе има 15 постигнати погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани