236
Хавиер Ернандес Чичарито доби парична казна од Мексиканската фудбалска федерација поради сексистички коментари објавени на ТикТок.
Најдобриот стрелец во историјата на мексиканската репрезентација викендов сподели видеа во кои ги повика жените да „дозволат мажот да ги води“, при тоа обвинувајќи ги дека го „искоренуваат машкото однесување“.
Федерацијата заедно со Лигата МХ и женската Лига МХ Феменил порачаа дека изјавите промовираат родови стереотипи, претставуваат медиумско насилство и се спротивни на принципите на еднаквост.
Чичарито, кој од јануари настапува за Чивас, е казнет со глоба и предупреден дека при нов ваков испад ќе следат построги мерки.