Најдобриот голман во калчото на суд сака пак да менува репрезентација

by 24 фудбал
1 минути читање

Миле Свилар планира изненадувачки потег во својата репрезентативна кариера. Голманот кој до скоро бранеше за Србија сега сака да настапува за Белгија, објави „Газета дело Спорт“.

Свилар минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Серија А, а желбата да застане на голот на Белгија доаѓа од фактот што неговата мајка потекнува од таа земја и во минатото беше младински репрезентативец. Тој веќе се обиде да промени репрезентација, но беше одбиен од ФИФА поради тоа што зад себе има промена на спортско државјанство.

За да го реализира планот тој веќе ангажирал адвокатски тим кој ќе работи на правните детали, бидејќи има настапи за Србија. Сепак, според информациите, Свилар е убеден дека постојат правни „дупки“ кои ќе му овозможат да го промени националниот дрес.

Голманот дебитираше за Србија во 2021 година на пријателски меч против Катар, но очигледно сега сака нов почеток во дресот на „црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×