Најдобриот голгетер на Ливерпул во солзи го напушти натпреварот против Брајтон (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул не само што остана без бодови на гостувањето кај Брајтон (2-1), туку се соочи и со нов сериозен проблем, откако тимот трет натпревар по ред не успева да стигне до победа во Премиер лигата.

Дополнителна главоболка за тренерот Арне Слот претставува повредата на еден од клучните играчи во офанзивата, Уго Екитике. Напаѓачот се повреди уште во раната фаза од натпреварот и беше приморан предвреме да го напушти теренот, при теренот го напушти во солзи.

Екитике зад себе има солидна сезона, со вкупно 11 голови во Премиер лигата, три во Лигата на шампиони, како и по еден погодок во Суперкупот на Англија, ФА Купот и Лига купот. Покрај тоа, придонесе и со шест асистенции.

Во наредниот период се очекуваат дополнителни лекарски прегледи, кои ќе дадат појасна слика за сериозноста на повредата и времето потребно за негово враќање на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×