ВАР беше воведен во фудбалот за да се намалат контроверзиите, но и понатаму има доста спорни моменти.
На дуелот помеѓу Уракан и Баракас Сентрал во Аргентина имаше болна одлука и драма која не треба да ја доживее ниту еден фан.
Во финишот од мечот, домаќините тргнаа во контра и погодија за 2-1. Но набрзо славјето беше прекинато, ВАР покажа дека голманот кога ја исфрли топката, со рацете беше надвор од шеснаесетникот, па погодокот беше поништен и беше досуден прекин за гостите.
Како ова да не беше малку, Иван Тапија го изведе прекинот и со помош на живиот ѕид ја затресе мрежата за 1-2 во корист на Баракас Сентрал. Па за само неколку минути, Уракан од добиен меч, остана со празни раце.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.