Најбогатиот клуб на светот првпат го освои Лига купот на Англија (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Њукасл Јунајтед го освои Лига купот во Англија, откако во финалето на „Вембли“ го совлада Ливерпул со 1-2.

Пресметката понуди израмнет старт, а Њукасл беше подобар ривал на теренот. До предност „страчките“ стигнаа со голот на дефанзивецот Брн во 45. минута од првиот дел.

На стартот на продолжението Александер Исак успеа двапати да ја стресе противничката мрежа. Сепак, првиот гол во 51. минута беше поништен поради офсајд, ама веќе вториот минута подоцна важеше. До крајот на средбата Федерико Киеза во дополнителното време погоди за 1-2.

Успеа Њукасл да го затвори мечот во своја корист за прв трофеј во ова англиско натпреварување во историјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани