Најбараниот дефанзивец откри како е да се чува Кристијано Роналдо

by
1 минути читање

Младиот Де Лихт е најбараниот дефанзивец во моментов, речиси и да нема некој од големите клубови кој не го сака да го купи, па играчот на Ајакс веројатно ќе ја промени средината на лето.

Ајакс и Јувентус одиграа 1-1, Роналдо му донесе водство на својот тим, домаќините израмнија со гол на Нерес.

По мечот меѓудругото, Де Лихт зборуваше и за тоа каков е Роналдо во шеснаесетникот.

„Најголемиот квалитет на Роналдо, настрана од неговиот талент е тоа дека е предатор во шеснаесетникот. Гледа можност и потребен му е само малку простор и оди по таа шанса неверојатно брзо. Спринта во шеснаесетникот помеѓу двајца играчи. Неверојатен е“, вели Де Лихт за Роналдо.

„Знаеме дека не смееме да оставаме празнини во дефанзивата за Јувентус. Гледавме да не правиме грешки и се обидувавме да најдеме дупки во нивната одбрана“.

„Мислам дека одигравме прилично добро. Имаме тим со голем потенцијал и докажавме дека не сме дојдени до тука на среќа“.

„Се разбира дека Јувентус е силен дома, сите го знаат тоа, ќе биде тешко во реваншот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×