263
Велшанецот не е
дел од плановите на Зинедин Зидан па Реал Мадрид се обидува да се ослободи од
Герет Бејл. Но тешко се наоѓа купец кој ќе плати убаво обесштетување за
„кралевите“ и плата од петнаесетина милиони евра по сезона за играчот.
Два клуба од Кина
пројавија интерес, дури се говореше и за рекордна плата од 1 милион евра неделно,
но последните извештаи говорат дека првиот предлог бил прилично смешен.
Џиангсу Сунинг на Реал Мадрид му понудил 22 милиони евра, а за Герет Бејл
подготвил двегодишен договор и основна плата од 17 милиони евра годишно.
Секако, под вакви
услови ниту „кралевите“ се сложиле на продажба ниту пак Велшанецот прифатил
преселба на Далечниот Исток.