Најавите се остваруваат, уште еден Донарума во Милан

by
1 минути читање

Најавите дека услов за останување на Џиџо Донарума е и враќање на неговиот
брат во Милан се остваруваат, Антонио наскоро ќе биде потврден за нов голман на
тимот.

Милан објави фотографија од Антонио Донарума како во Миланело ги поминува
медицинските тестови, по што можеби веќе во текот на денот ќе го потпише и
договорот.

Според италијанските медиуми, годишната плата на Антонио Донарума ќе
изнесува еден милион евра.

Антонио Донарума беше дел од младинскиот тим на Милан, но и од сениорскиот
за кој нема ниту еден настап. Последен клуб на 27-годишниот голман е грчкиот
Астерас Триполис.

Пристигнувањето на Антонио е и најава дека деновиве ќе биде официјализирано и продолжувањето на договорот помеѓу Милан и Џиџо Донарума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани