Најавија дека ќе ја бојкотираат ждрепката за СП, па се предомислија!

by riste
1 минути читање

Иранската делегација претходно официјално најави дека нема да присуствува на ждрепката за групите на Светското првенство 2026, но се предомисли, и тие ќе бидат утре во Вашингтон.

Иранците не сакаа да одат на ждрепката во знак на протест дека нивни членови не добија виза од американските власти.

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток од 18 часот, а на неа сепак ќе присуствуваат и Иранците.

Проблемот со нив настана кога тие побараа виза за девет свои луѓе, но САД им одобри само четири. Меѓу оние кои беа одбиени беше и претседателот на нивната фудбалска федерација, Мехди Тај.

Тој му се пожали на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и јавно соопшти дека никој од Иран нема да оди на ждрепката. Но, сепак делегација на Иранците отпатува во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×