Најави ли Јамал спектакуларно засилување за Барселона? (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Во последните денови Нико Вилијамс беше во преговори со Баерн Минхен, но според најновите информации, Барселона повторно се активирала и се вратила во трката за неговиот потпис.

Каталонскиот клуб минатото лето беше блиску до ангажман на младиот офанзивец, но тогаш договорот не се реализираше. Сега, ситуацијата повторно се актуелизирала.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, спортскиот директор на Барселона, Деко, денеска имал средба со агентот на Вилијамс, Феликс Таинта. Состанокот се одржал во Барселона, а разговорите, наводно, се одвивале во позитивна атмосфера, што дополнително ги зголемува шансите за трансфер.

Дополнителна доза на шпекулации донесе и објавата на Ламин Јамал, кој на социјалните мрежи сподели фотографија од репрезентативниот дрес на Шпанија на која е со Вилијамс.

Фото: RFEF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×