Италијанецот во
моментов има само еден клиент во белиот дрес, голманот Алфонс Ареола, кој е на
позајмица од ПСЖ. Мино Рајола сака ситуацијата да се промени, и летоска да
однесе големо име на Сантијаго Бернабеу.
„Мојот однос со
Реал Мадрид е многу добар. Често сум во контакт со Хосе Анхел, задоволство е да
се разговара со него, секогаш е интересно кога зборуваме за фудбал и настани
поврзани со ФИФА“ – вели Мино Рајола во разговор со Марка.
„Еден ден се
надевам деак ќе однесам голем шампион во Реал. Во моментов го имам Алфонс Ареола,
но тој е само на позајмица. Летоска би сакал да донесам големо име во Мадрид на
перманентен трансфер. Ќе бидам горд на една ваква зделка, Реал е огромен клуб“.
Ваквите изјави многумина
ги толкуваат како трансфер на Пол Погба, кој минатото лето беше една од желбите
на Зинедин Зидан.
„Пол минува низ
деликатен период, но со оглед на тоа дека во Англија се прилично чувствителни
на оваа тема, морам да нагласам дека тој е фокусиран само на Манчестер јунајтед.
Сака да помогне за клубот да ја заврши сезоната со добри резултати и да обезбеди
пласман во Лигата на шампиони. Не знам што ќе се случи во иднина. Минатото лето
имаше голем интерес, но не дојде до трансфер“.