Најава за одличен меч, Митровиќ за водство на Србија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Србија дојде до рано водство од мечот против Швајцарија во второто коло од групата „Е“ од Светското првенство во Русија.

Тадиќ имаше убав и доста прецизен центаршут во казнениот простор на Швајцарците, истата ја начека напаѓачот Митровиќ кој умешно биеше со глава, неодбранливо за голманот на противникот за водство на Србија уште во 4. минута.

Ќе потсетиме дека Србија тргна со победа над Костарика од 1-0, Швајцарија ремизираше во првото коло против Бразил со 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани