Најамериканската елитна лига сака да „пресели“ натпревари и во САД!

by 24 фудбал
1 минути читање

Серија А важи за најамериканска лига меѓу најсилните пет, бидејќи од 20 клуба во елитата дури девет се во сопствеништво на компании или лица од САД.

Поради ова не треба да изненади доколку набргу гледаме калчо натпревари на американско тло. Токму аз тоа зборуваше претседателот на лигата Ечио Симонели.

Организирањето натпревари во странство бара дозвола од локалната лија, па мора и тоа да го довогориме. Сепак ги размислуваме временските облици за такво нешто. Сакаме да бидеме прва европска лига која ќе организира натпревари во САД. Ние доста сметаме на овој пазар. Имаме девет клуба под американско сопствеништво и еден под канадско“, изјави Симонели.

Ова веројатно ќе биде обид на Италијанците да заработат повеќе пари, бидејќи веќе ја загубија трката со најголемите европски клубови на финансиски план. Платите и можностите на клубовите од Серија А се далеку пониски од оние на Англичаните, но и другите европски гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани