88
„Последен ден од
преодниот рок, тој ќе се врати во Рома, кај нас!“ напиша Раџа Наинголан на
социјалните мрежи, а покрај него на објавената фотографија е младиот 17 годишен Салваторе Пецела, кој многу наликува на екс членот на
Римската волчица, Босанецот Миралем Пјаниќ, кој моментално е член на Јувентус.
Во коментарите на
фотографијата следеа нервозни реакции на навивачите на Старата Дама, кои се
чини дека нема да му го простат овој потег на Белгиецот, поточно неговата шега.