Наинголан: Зошто останав во Рома…

by
1 минути читање

Раџа Наинголан вели дека
немал причина да ја напушти Рома во текот на летниот преоден рок.

Белгиецот беше поврзуван
со неколку екипи, но тој остана во Рома а воедно и потпиша нов договор со кој
ја продолжи соработката со клубот до 2021. година.

Никогаш немав никаква
причина да си заминам од Рома, дали имав некои посебни барања? Единствената
разлика доаѓа од различните карактери на фудбалерите…
“ вели Наинголан.

Зошто решив да останам
тука? Имав навистина богати понуди кои пристигнаа на моја адреса, но за мене е
многу важно да го имам вистинскиот стил на живот со луѓето кои ги сакам околу
себе, среќен сум тука, немав никаква причина да го сменам овој тим, не е само фактот
што сум среќен во овој тим, туку и љубовта кон клубот, нема ништо поубаво од
тоа
“ додаде тој.

Мојот сонародник од
Атлетико Мадрид, Караско, на ден пред натпреварот во Лигата на шампионите ме
праша зошто сум останал овде,,, Јас му одговорив дека сум среќен тука, имам се
што ми е потребно, клубот сака да се развива, јас сакам да победувам и Рома е
клуб со огромна традиција
“ истакна Наинголан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×