Наинголан со нова провокација до Јуве: Колку е убаво да се постигне гол против „Бјанконерите“

by
1 минути читање

Популарниот „Нинџа“ во минатото изјави дека го мрази Јувентус, па вчера беше прилично изненадувачки кога Тутоспорт, весник близок до „Старата Дама“ објави дека Раџа Наинголан е трансфер цел.

Белгијанецот денеска упати нова провокација, и вели дека убаво е чуството да се постигне гол против Јувентус.

„Дали бев среќен што постигнав гол против Јуве? Да, секако, чуството е убаво!“ – вели Наинголан.

„Фановите на Јувентус секогаш ме навредуваат, има голема историја помеѓу нас, велеа дека сум „го*но од човек“, а тоа „го*но од човек“ им даде гол“.

„Немаше шанси да го пропуштам натпреварот против Јувентус и покрај тоа што бев малку заморен“.

„Победата на Наполи не принуди да обезбедиме добар резултат, мислам дека одигравме одличен натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани