Раџа Наинголан
потпиша нов договор со италијанскиот вицепрвак, кој го обврзува на верност со
клубот до 2021. година, со тоа се ставија крај на сите шпекулации поврзани со
неговата иднина.
„Мислам дека
демонстрирав дека ова беше тоа што најмногу го посакував. Премногу сум среќен,
мислам дека идната сезона ќе играме на едно ниво повисоко во однос на ланската“
изјави Наинголан.
29 годишниот Белгиец во Рома
пристигна во 2014. година на позајмица од Калјари, ланската сезона на 37
настапи постигна 11 погодоци за „Римската волчица“.
Подолг период се поврзуваше
со трансфер во Челси, Манчестер јунајтед и особено Интер кој можеби беше најконкретен
во намерата.
Како и да е,
откако го продаде Салах на Ливерпул, тимот од Рим веќе ги обезбеди потребните
30 милиони евра поради финансискиот ферплеј на УЕФА, со тоа Рома реши голем
проблем минатиот месец, па продажба на Наинголан не беше потребна со оглед на високите
амбиции на клубот и за идната сезона.