Раџа Наинголан
вели дека неговото враќање во редовите на Каљари го потврдува тоа дека
Белгиецот не игра за пари, тој иако беше стандарден првотимец во Рома и Интер,
на крајот се реши да се врати во Каљари.
Белгиецот се
соочи и со непријатни ситуации пред да си замине од Интер, дополнително, на
неговата сопруга и беше дијагностициран рак, а тој се реши да биде поблиску до
семејството, најпрво решавајќи го својот статус откако за момент неговата
иднина во Интер стана неизвесна.
„Имав понуди од
Кина и ми беше потребно да разговарам со некого на таа тема, Даниеле Конти ми
помогна многу во поглед на донесувањето на конечната одлука, тој стори максимум
за да ме убеди“ вели Наинголан кој тврди дека претседателот на Каљари одиграл
клучна улога во неговата конечна одлука.
„Не играм за
пари, најдоброто чувство кое го имав во последните неколку денови е тоа како никогаш да не си заминав од тука“ додава тој.
„Тоа е всушност
вистината, јас никогаш не си заминав, тука е моето семејство и некои од луѓето
кои ги сакам многу во мојот живот, тука ги користев слободните денови, мојата
сопруга е тука…“ заклучи Белгиецот кој во 2014. година од Каљари направи
трансфер во Рома, по што лани следеше и трансфер во Интер, по што ова лето се
врати во Каљари каде ќе настапува како позајмен фудбалер.