Наинголан: Белгија, Рома, Барса…

by
2 минути читање

Малкумина
очекуваа Интер на ваков начин да излезе од резултатската криза која почна
сериозно да го зафаќа клубот на стартот од новата сезона, а нема дилеми дека
тимот на Лучијано Спалети се издигна по триумфот над Тотенхем во првото коло од
Лигата на шампионите.

Иако Нероаѕурите
имаа негатива, на крајот славеа со 2-1 против Премиерлигашот, а потоа следеа
уште четири победи, една во Лигата на шампионите (кај ПСВ 1-2) и три во Серија
А, еден од фудбалерите кој веќе игра клучна улога во тимот на Интер е секако и
Раџа Наинголан, кој полека но сигурно влегува во својата посакувана форма.

Физички, се
чувствувам подобро, но, се уште не сум на тоа ниво на кое посакувам да бидам

тврди Белгиецот во изјавата за Тутоспорт, а потоа повторно проговори за
одлуката да го напушти националниот тим.

Се обидувам да
внесам повеќе искуство во оваа екипа, националниот тим? Комплетно сум вон
репрезентацијата, но, мислам дека ја донесов вистинската одлука
“ вели тој
додавајќи дека не било тешко да се напушти Рома.

Не можам постојано
да чекам на нив, одлуката да ја напуштам репрезентацијата беше донесена со
чиста совест. Беше тешко да се напушти Рома, но работите во фудбалот не секогаш
зависат од самите фудбалери
“ истакна Наинголан.

Интер е веќе во
одлична позиција во својата група од Лигата на шампионите, но, вистинскиот
предизвик претстои на 24 овој месец кога Нероаѕурите гостуваат на Камп Ноу кај
Барселона, дека каталонскиот гигант не е непобедлив, говори сензацијата на Рома
од ланската сезона кога Каталонците беа елиминирани во четвртфиналето од Лигата
на шампионите.

Рома покажа во
ланската сезона дека Барса може да биде победена, Интер може да оди во Шпанија
со голема надеж, можеби ќе биде доволно со евентуални победи над ПСВ и нешто
посебно во Лондон против Тотенхем
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×