Нагелсман удри по играчите на Германија: Следниот пат можеби ќе викнам некои што ќе дадат се од себе!

by riste
1 минути читање

Германскиот селектор, Јулијан Нагелсман беше бесен по вчерашниот пораз од Словачка, на прес-конференцијата по мечот ги нападна своите фудбалери за незалагањето на теренот.

Германија со пораз од 2-0 на гостувањето кај Словечка ги почна квалификациите за Светското првенство. Нагелсман не се штедеше во критиките кон своите фудбалери.

„Со исклучок на двајца-тројца кои поради повреди не се со нас, ова се најдобрите играчи кои ги имаме во Германија во овој момент. Можеби следниот пат ќе повикам играчи кои немаат толку квалитет, но ќе дадат се од себе на теренот“, рече Нагелсман алудирајќи на незалагањето на своите фудбалери.

„Не доволно само да бидете поквалитетен од противникот, ако не покажете желба, глад за победа, нема да направите ништо. Пред извесно време видовме како Баерн се мачи со Веен во купот. Тоа не се случи поради квалитетот на противникот, туку поради тоа што тие покажаа повеќе емоции и желба за надигрување. Така беше и сега со нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×