Македонската репрезентација до 19 години од 12. до 18. ноември во Португалија ќе учествува на квалификациски трунир за пласман во елитна фаза квалификации за пласман на ЕП. Нашата репрезентација е во исклучително тешка група со домаќинот Португалија, силната Белгија и селекцијата на Естонија.
Селекторот на македонската репрезентација, Ерхан Селими за натпреварите во Порто ќе смета на следните фудбалери:
Селекторот на македонската репрезентација, Ерхан Селими за натпреварите во Порто ќе смета на следните фудбалери:
Илоски Давид (АП Брера Струмица), Трајковски Павел (Партизан, Србија), Трајковски Антониј (Работнички);
Радески Златко (Тетекс), Стојаноски Давид (Браво, Словенија), Аслани Абдулах (Лингби, Данска), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурџески Андреј (Вардар), Цека Назиф (Шкендија), Шаботикј Емир (Вардар), Ристов Игор (АП Брера Струмица);
Андоновски Каменчо (АП Брера Струмица), Хоти Кренар (Работнички), Локи Ариф (Коге (Данска), Киш Марко (Сесвете, Хрватска), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкупи), Касами Лавдрим (Шкендија), Дамјаноски Ненад (Домжале, Словенија);
Али Хисар (Фероникели, Косово), Бранковски Стефан (Марибор, Словенија);
Македонија до 19 години турнирот ќе го отвори на 12. ноември против Белгија, три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Португалија, а на 18. ноември играме против Естонија. Најдобрите две репрезентации од секоја група и една најдобро третопласирана селекција, обезбедуваат место во Елитната фаза квалификации за пласман на Европско првенство.
„Групата е многу силна. Португалија и Белгија се фаворити за првите две места кои обезбедуваат пласман во следната фаза. Нашата репрезентација бележи значителен напредок, како на играчки, така и на резултатски план во последниот период, што ни дава право да гледаме со оптимизам. Сепак, сме свесни дека ќе се соочиме со многу силни противници. Не се чувствуваме како аутсајдери и ќе дадеме максимум на натпреварите во Португалија. За жал, поради повреди, отпаднаа Горазд Ристовски и Стефан Младеновски од Црвена Звезда, но тимот останува целосно мотивиран и решен да покаже карактер на теренот“, изјави селекторот, Ерхан Слими.