222
Нигерија ќе биде
дел од претстојното Светско првенство во фудбал кое идниот месец се одржува во
Русија, а една доста интересна вест ни доаѓа од таа фудбалска репрезентација,
поточно, се работи за новите дресови дизајнирани од „Најк“.
Американската
компанија за спортска опрема објави дека откако го промовирала новиот дрес на
Нигерија со кој таа земја ќе настапи на Мундијалот, досега добиле повеќе од три
милиони нарачки за истите дресови.