Начо стана 19. различен стрелец за Реал оваа сезона, „Кралевите“ без проблеми до 3-0 против Алавес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Пеколниот април“
Реал Мадрид го започна со рутинска победа на Сантијаго Бернабеу во дуелот со
Алавес.

Избраниците на
Зинедин Зидан овој месец ги очекуваат пресметки со Атлетико Мадрид и Барселона,
како и двомеч со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите, па беше важно животот да
не им го искомпликува незгодниот Алавес.

Бензема го отвори
резултатот по половина час игра, а во завршницата од средбата Иско и Начо ги
осигураа трите бода.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани