Неколку извори пренесуваат дека Начо добил богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, дефанзивецот има предлог од Ал Итихад за двегодишна соработка вредна 40 милиони евра.
По триумфот на Вембли во финалето во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти го повика Начо да стави потпис на нов договор и му порача: „Луд си, или што е работава?“
Но сега е јасно зошто дефанзивецот толку многу се мислел, на негова адреса пристигнала богата понуда од Саудиска Арабија.
Неколку извори пренесуваат дека Шпанецот на маса има предлог од Ал Итихад за двегодишна соработка вредена 40 милиони евра, односно плата од 20 милиони евра по сезона.
Начо во моментов во Реал Мадрид заработува околу 5,5 милиони евра по сезона, што е речиси четири пати помалку.