Постојат многу
комплицирани аспекти во обидите на Барселона да го врати Нејмар во својот
состав, еден од тие е фактот што Бразилецот нема европски пасош, па тука се
отвора прашањето кој е на излезна врата од Камп Ноу.
Во текот на
претходниот престој во Шпанија, Нејмар ја започна постапката за добивање пасош,
беше близу до реализација на тој план, а се споменуваа септември и октомври
како можни периоди во 2017. година за добивање на шпански пасош, меѓутоа,
неговата преселба во Париз во август истата година го прекина тој процес.
Само тројца
фудбалери со пасош вон границите на ЕУ можат Каталонците да имаат во својот
состав, а веќе ги имаат во Артур, Видал и Малком, еден од нив може да го
напушти Камп Ноу ова лето, а веројатно е дека Малком е најизвесниот кандидат за
таква судбина.
Бразилецот
веројатно ќе биде фудбалерот кој ќе биде жртвуван во оваа ситуација, со оглед
на фактот што не добива минутажа во дресот на Барселона, а со оглед на тоа што
Артур и Видал веќе се докажаа пред Валверде.
Постојат повеќе
клубови кои се заинтересирани за 22 годишниот Малком, па доколку се реши
неговиот статус, секако дека тоа ќе биде олеснителна околност за Каталонците во
обидите да се врати Нејмар во тимот.