На ти го, дај ми го: Челси ќе понуди 50 милиони за напаѓач на Атлетико Мадрид

by bojan
1 минути читање
Омородион

Челси ќе го искористи трансферот на Конор Галагер во Атлетико Мадрид за да го обнови интересот за напаѓачот Саму Омородион.

Конор Галагер во последен миг реши да ја прифати понудата на Атлетико и сега се пеглаат деталите од неговиот трансфер во Мадрид вреден околу 40 милиони евра.

Челси ја искористи оваа прилика да го обнови интересот за напаѓачот Саму Омородион.

Последните информации велат дека „сините“ ќе стават 50 милиони евра на маса, и веруваат дека оваа сума ќе биде доволнa за да стигнат до потписот на младиот голгетер.

Но Атлетико Мадрид пред да даде зелено светло за една ваква зделка, ќе треба да пронајде нов напаѓч, Хулијан Алварез од Манчестер Сити е една од опциите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани