Тен Хаг вели дека му е потребно уште време

by riste
1 минути читање

Ерик тен Хаг ја почна и третата сезона во Манчестер јунајтед, работите не се одвиваат како што посакуваат навивачите, но Холанѓанецот вели дека му е потребно време.

Манчестер јунајтед под водство на Тен Хаг од девет европски меча има само една победа, во Премиерлигата имаат разочарувачки резултати, никој не гледа напредок, но Холанѓанецот секогаш го вели истото, потребно е време.

„Инвестиравме во млади играчи како Хојлунд, Јоро, Зиркзе… треба да ги изградиме нив. А за тоа потребно е време“, вели Тен Хаг.

Тен Хаг паралелно потроши многу пари и за искусни фудбалери, но резултатите никако да дојдат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани