На Стефан Ристовски малку му фали да се врати во Ријека

by
0 минути читање

Стефан Ристовски не игра во првиот тим на Спортинг Лисабон откако влезе во расправија со тренерот. Тој е прекомандуван во вториот тим.

Во разговор за „Нови Лист“, Милан Ристовски кој се опоравува од повреда во Ријека, вели дека го убедува својот брат Стефан да се врати.

„Јас често го провоцирам со враќање, а тој постојано одговара дека малку му фали тоа да се случи“, вели Милан Ристовски.

На Ристовски му треба клуб каде ќе игра стандардно во пресрет на Европското првенство, се очекува тој да замине од Лисабон во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×