На Шпанија и требаше пенал за да ја победи Македонија, бевме блиску до реми

by
1 минути читање

Избраниците на Благоја Милевски беа сосема рамноправен противник со најдобрата селекција во групата, Шпанија не создаде ниту една чиста шанса, но дојде до победата благодарение на гол од пенал.

Натпреварот речиси и да немаше шанси, голманот Ристо Јанков првата интервенција ја имаше дури во 76. минута кога Пуџ се обиде од далечина.

Најголемите возбудувања се случија во последните десетина минути. Во 83. минута по еден старт на Серафимов, судијата покажа пенал за Шпанија кој го реализираше Дуро за водство од 1-0.

Три минути подоцна и Македонија доби пенал, шутираше Димитар Митровски, но голманот Мартинез го одбрани неговиот удар и не ни дозволи да се израдуваме на реми.

И покрај поразот остануваме во игра со добри шанси за второто место. Следниот меч го играме на гостински терен со Фарски Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×