Репрезентацијата
на Мексико ја стресе скандал пред да тргне на пат за Русија откако беше објавено
дека најмалку осум фудбалери имале целодневна забава со 30-тина ескорт девојки.
На социјалните мрежи дури се појавија и две видео снимки за кои се вели дека се од
забавата. На едното видео, група мажи се забавуваат со девојки во базен но нивната автентичност е прилично сомнителна
Ваквите стории
сега ги прокоментира Хавиер Ернандез кој даде своја верзија на случувањата.
Популарниот Чичарито вели дека забавата била по повод неговиот родеден и дека
присуствувале сите фудбалери, освен голманот Хесус Корона.
Напаѓачот сепак
категорично демантира дека имало девојки на кои им било платено да ги
забавуваат гостите.
„Со денови сакав
да прокоментирам на оваа тема. Беа кажани многу работи, но вистината е дека се
собравме за да го прославиме мојот роденден. Ни дадоа слободен ден, па беше
организирана забава по повод мојот роденден. Ги поканив сите колеги од
репрезентацијата, пристигнаа сите освен Хесус Корона, кој имаше некои приватни
обврски и ми се извини поради отсуството” – истакна Хавиер Ернандез на „Фејсбук Лајв“.
„Многу гости
пристигнаа, и секој си замина кога сакаше да замине. Добро ме насмеаа написите
дека имало ескорт или девојки на кои сме им платиле да не забавуваат… со ова
медиумите покажуваат непочитување кон луѓето кои беа таму”.
„Мислам дека не
сторивме ништо лошо, но сега кога гледам какво внимание привлече забавата,
доколку одново би требало да организираме забава, сигурно нема да го сториме тоа”.