Една фотографија
која на големо кружи низ социјалните мрежи за момент ги збуни фудбалските
фанови ширум Европа.
Фудбалерот на италијанскиот шампион Јувентус, Бразилецот Алекс
Сандро се најде на фотографија на која е презентиран во нов фудбалер на
шампионот на Англија, Челси.
„Алекс Сандро,
добредојде во Челси“ пишува на фотографијата, но таква нема на официјалниот сајт на англискиот клуб.
Не е тајна дека клубот од Лондон сака да го доведе Сандро во своите редови. Антонио Конте во пакет со Бразилецот за вкупна сума од 100 милиони евра го сакаше и Бонучи, но
денешните информации ја ставија втората опција како речиси невозможна.
Италијанските
медиуми изминатиов период пренесоа вест дека семејството на Сандро не се
адаптирало на животот во Торино, па тоа било додатно влијание во неговите
намери да го напушти Јувентус ова лето.
Јувентус ќе има
одлична заработка на продажбата на својот бек, кој го доведе пред две години од редовите на
Порто за сума од 28 милиони евра, сега треба да заработи фантастични 50 милиони
евра за да се ослободи од него.
Бразилецот има важечки договор со тимот од
Торино до 2020. година, со што му дава одлична позиција на Јувентус во
преговорите со клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.