Тренерот на Ливерпул, Арне Слот на урнебесен начин одговори на гласините кои велат дека Чаби Алонсо ќе му го земе тренерското столче на „Енфилд“.
„Црвените“ минатото лето инвестираа рекордна сума во засилувања, но играат далеку под очекувањата, па често се говори за заминување на Арне Слот.
По отказот на Чаби Алонсо од Реал Мадрид, па почнаа да кружат гласини дека деновите на Холанѓанецот со одбројани, и Шпанецот се враќа на „Енфилд“.
Очигледно на Арне Слот му дојде преку глава од ваквите прашања, па испрати урнебесен одговор на последната средба со новинарите.
„Чаби Алонсо ми се јави и ми рече, „Што мислиш за тимот? За шест месеци ќе станам тренер на Ливерпул па ми треба совет. Можеш ли да ми откриеш нешто повеќе? Има шанси и побрзо да те заменам, можеби веќе утре ќе бидам нов тренер на Ливерпул!““ – вели Арне Слот.
„Ова е едно од најчудните прашања кои сум ги добил, што друго да ви кажам?“