Случајот со 115 прекршоци за финансиски фер-плеј на Манчестер Сити наскоро треба да добие завршница и да биде изречена казната за поранешниот англиски шампион, а англиските медиуми почнаа да шпекулираат со исходот.
Според некои англиски медиуми казната ќе биде соопштена пред крајот на сезоната, а таа ќе биде одземање на 60 бодови за Манчестер Сити. Други велат дека таа ќе биде соопштена летото, а трети дека се уште нема предвиден рок.
Доколку Манчестер Сити навистина биде казнет со одземање на 60 бодови, тоа ќе значи и негова преселба во Чемпионшип. Бидејќи со минус толку бодови би се нашле на позициите од кои се испаѓа во понизок ранг.
Многумина негодуваат дека помина долго време откако почна случајот со 115 прекршоци на Сити, а казна уште нема. Во меѓувреме неколку помали клубови од Англија добија казни за многу поситни прекршоци.