На Силва му се смешка отказ, Мојс се враќа „дома“?

by
1 минути читање

Во Евертон
сериозно размислуваат за тоа како понатаму после Марко Силва, на Португалецот
му се заканува отказ на клупата на тимот од „Гудисон Парк“ по очајните
резултати во новата сезона.

„Скај Спортс“
истовремено информира дека како опција за нов шеф на стручниот штаб на „Карамелите“
е воедно и тренерот на Борнмут, Еди Хау.

Се чини дека
поразот на домашен терен од Норвич во 13 коло изминатиов викенд во
Премиерлигата ја прели чашата во Евертон, кој со 14 освоени бода досега се
наоѓа на само четири бода од опасната зона во долниот дел од табелата.

Како и да е,
според информациите кои ги објави „Скај Спортс“, секако дека би било нешто
сензационално, доколку се остварат најавите за враќање на Дејвид Мојс на
клупата на Евертон, тим кој го предводеше цели 11 години (2002-13), по што следеше
преселба на клупата на Манчестер јунајтед, каде го наследи славниот Алекс
Фергусон, но, таму немаше посебен успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×