На Шкендија ништо не ѝ пречеше: Полјаците ја исемјуваат соблекувалната каде што тетовци беа гости (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Полскиот клуб Лех Познањ пред натпреварот со Рајо Ваљекано во Конференциската лига објави видео кое предизвика големо внимание на социјалните мрежи, во кое на ироничен начин се исмејува состојбата во соблекувалната на шпанскиот тим.

Во видеото, претставник на Лех со голема доза на иронија ги покажува условите што ги дочекале во Шпанија.

„Ова е соблекувалната што ја чува овој господин од клучот“, вели новинарот на полскиот тим, прикажувајќи маж со мустаќи.

Потоа, полскиот клуб забележува дека во просторијата за физиотерапевти нема светло, а во шкафовите имало искршени закачалки. Дополнително, ја истакнаа и несоодветната опрема, пешкири во различни бои и димензии што им ги обезбедиле домаќините.

Интересно е што на истиот стадион претходно гостуваше и тетовската Шкендија во првото коло од Конференциската лига, но тогаш македонскиот клуб не реагираше на условите во објектот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×