Полскиот клуб Лех Познањ пред натпреварот со Рајо Ваљекано во Конференциската лига објави видео кое предизвика големо внимание на социјалните мрежи, во кое на ироничен начин се исмејува состојбата во соблекувалната на шпанскиот тим.
Во видеото, претставник на Лех со голема доза на иронија ги покажува условите што ги дочекале во Шпанија.
„Ова е соблекувалната што ја чува овој господин од клучот“, вели новинарот на полскиот тим, прикажувајќи маж со мустаќи.
Потоа, полскиот клуб забележува дека во просторијата за физиотерапевти нема светло, а во шкафовите имало искршени закачалки. Дополнително, ја истакнаа и несоодветната опрема, пешкири во различни бои и димензии што им ги обезбедиле домаќините.
Интересно е што на истиот стадион претходно гостуваше и тетовската Шкендија во првото коло од Конференциската лига, но тогаш македонскиот клуб не реагираше на условите во објектот.
This is the away dressing room at @RayoVallecano
— La Liga & Beyond (@laligaandbeyond) November 5, 2025
It's giving off strong council leisure centre changing room vibes.
Again shows just how much this Rayo team is achieving with so much against it off the pitch pic.twitter.com/Yx1InxGIyD