На шест часа пред дуелот со Боливија, Меси доби четири натпревари суспензија

by
1 минути читање

Камерите го
уловија Лео Меси во вербален дуел со помошник судијата по крајот на дуелот
помеѓу Аргентина и Чиле во петокот.

Во прв момент се
чинеше дека играчот ќе куртули казна, но вчера почнаа да кружат стории дека судиската тројка од Бразил
испрати дополнување на извештајот и играчот е во проблеми.

ФИФА експресо отвори постапка против
капитенот на „Гаучосите“, го прогласи Лео Меси за виновен по обвинувањата дека користел навредливи зборови на адреса
на судијата, па му ја изрече максималната казна од четири натпревари суспензија и тоа на
само шест часа пред дуелот со Боливија.

Казната стапува
на сила веднаш, и „Гаучосите“ ќе треба без својот прв играч да се снаоѓаат на секогаш
незгодното гостување во Ла Паз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани