144
Спортинг
триумфираше со 1-3 на гостувањето кај Чавес, но во финишот од мечот се случи
скандалозен момент. Стефан Ристовски со лизгачки старт спречи еден напад и
отвори контра за Спортинг, по која играч на домаќините заработи црвен картон.
Сепак, судијата доби совет од ВАР собата да ја прегледа снимката и на крајот
реши да ја преиначи одлуката. Тој го поништи црвениот на Чавес и ги испрати
Стефан Ристовски во соблекувалната.
Македонецот не можеше да поверува што се случува исто како и неговите соиграчи
како и фановите кои на социјалните мрежи веднаш го кренаа гласот.
Погледнете го видеото и проценете сами.