На Реал Мадрид му нудат богатство за Роналдо, можно ли е негово враќање во Англија?

by
2 минути читање

Се работи за
големиот интерес за првата ѕвезда на тимот од Мадрид, 32. годишниот Португалец
Кристиано Роналдо.

Понудите за
ангажман на Роналдо би можеле да надминат дури рекордни над 180 милиони евра.

Во Франција
постојат два клуба кои се финансиски моќни за да испратат понуда за Роналдо,
тоа се ПСЖ и Монако.

ПСЖ по заминувањето
на Ибрахимовиќ се чини дека сеуште не најде вистинска ѕвезда во своите редови
кои ќе ја пополни таа дупка по заминувањето на Швеѓанецот. Се шпекулира дека
газдата на клубот од Париз, Ал-Келаифи нема да се штеди во намерата да го
доведе Роналдо во редовите на ПСЖ кој сезонава не ја доби битката со Монако за
титулата во Франција.

Токму Монако е
вториот кандидат од Франција за потписот на Роналдо, продажбата на Мбапе ќе им
донесе над 135 милиони евра заработка, барем онолку колку што изнесува последната
понуда за него досега, со тоа францускиот шампион финансиски ќе биде во добра
позиција за да се вклучи сериозно во трката за Роналдо.

Манчестер
Јунајтед сака да го врати Роналдо во своите редови, се чини дека пропаѓањето на
трансферот на Антоан Гризман ќе ги смени насоките во движење на трансфер
пазарот на тимот од „Олд Трафорд“.

Вреди да се
потенцира дека Роналдо неколку пати во јавноста често знаеше да изјави дека не
е заинтересиран да слуша понуди од други клубови, причината е јасна – сака да
се пензионира во Реал Мадрид на 41. годишна возраст, колку е тоа реално,
останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани