На Реал ќе му биде тешко да го замени, неверојатната ститистика на Крос во белиот дрес (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Крос

Карло Анчелоти ќе има главоболка следната сезона и како да го замени Тони Крос во средниот ред на Реал Мадрид, Германецот играше со голема сигурност, и често неговите топки имаа „очи“.

И покрај тоа што веројатно може да понуди уште многу, Тони Крос реши со 34 години да оди во фудбалска пензија.

Ова сигурно ќе му донесе главоболка на Карло Анчелоти следната сезона, Германецот играше со голема сигурност на средината од теренот, неговата статисика на успешни додавања во белиот дрес е прилично импресивна, во последните три години е 95%, и во моментов е највисока во петте најсилни првенства во Европа.

И не само тоа, топките кои ги делеше Тони Крос често имаа „очи“, кај љубителите на фудбалот се уште е свежо додавањето на Германецот до Винисиус Жуниор на „Алианц Арена“, кога ја извади од игра комплетната одбрана на Баерн Минхен.

Самиот Тони Крос порача дека Џуд Белингам треба да биде неговиот наследник, а дали Реал Мадрид и Карло Анчелоти ќе го послушаат, или ќе се обидат со настап на трансфер пазарот да ја надополнат празнината, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани