На повидок зимска „бомба“: Лукман може да направи трансфер од 40 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Адемола Лукман во изминатото лето не направи трансфер и остана во Аталанта, но тоа би можело да се промени во зимскиот рок.

Според последните информации, Галатасарај повторно тргнува по неговиот потпис и турскиот клуб наводно е подготвен во јануари да плати околу 40 милиони евра. Лукман уште летото побарал од Аталанта да го стави на трансфер-листа, а тогаш беше поврзуван со повеќе европски гиганти од „топ-пет“ лигите. Сега, сепак, турскиот шампион е најсериозниот кандидат.

Освен високитее амбиции не треба да се заборви дека во Галатасарај игра сонародникот на Лукман, Виктор Осимен, што е уште една причина плус поради која фудбалерот би можел да инсистира на овој трансфер.

Нигериецот оваа сезона не игра во формата од минатата сезона и на десет натпревари постигна само еден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×