Дефанзивецот на
Наполи, Калиду Кулибали е голема желба на актуелниот европски првак Ливерпул,
според информациите кои доаѓаат од Франција, а се верува дека интересот на „Редсите“
за неговите услуги е сериозен.
Кулибали според
многумина е проценет на еден од најдобрите централни дефанзивци во светот на
фудбалот, а наводно Ливерпул е помеѓу главните кандидати за неговиот потпис, па
така Премиерлигашот ќе се обиде да го договори на крајот од актуелната сезона.
ПСЖ од поодамна
ја мониторира ситуацијата со 28 годишниот фудбалер, но се верува дека Кулибали
има еден и единствен приоритет за својата иднина, а тоа е трансфер во
Премиерлигата, доколку добие можност за такво нешто.
„Ле10спорт“ тврди
дека ПСЖ веќе подготвил богата понуда за Кулибали, меѓутоа шефот на стручниот
штаб на Ливерпул, Јирген Клоп има џокер во ракавот кој би можел да го искористи
во оваа ситуација, а тоа е да создаде еден застрашувачки стоперски тандем
Вирџил Ван Дајк – Калиду Кулибали, „Дејли Мејл“ надоврзувајќи се на ова, додава
дека Ливерпул е во пол-позиција за потписот на Сенегалецот.