На повидок војна помеѓу Баерн и Канада по сериозната повреда на Дејвис: Ова е неприфатливо!

by bojan
1 минути читање

„Баварците“ се подготвени да ја тужат Фудбалската федерација на Канада откако Алфонсо Дејвис заработи тешка повреда на коленото и го чека долга пауза.

Баерн Минхен ќе мора без Алфонсо Дејвис до крајот на сезоната, левиот бек заработи тешка повреда на должност со Канада.

Левиот бек ги оштети вкрстените лигаменти на десното колено, како и рскавицата, па го чека пауза од шест до 9 месеци.

„Баварците“ се бесни по ваквите случувања и размислуваат да ја тужат Фудбалската федерација на Канада.

Клубот од Алианц Арена смета дека немало потреба Алфонсо Дејвис да игра со оглед на тоа што се жалел на болки, а пресметката против САД била незначајна (битка за трето место на КОНКАКАФ Лигата на нации).

„Неприфатливо е играч кој се жалел на болки да биде стартер на натпревар кој нема големо спортско значење“ – велат од таборот на Баерн Минхен.

„И не само тоа, потоа го испратија на лет дол 12 часа без соодветна медицинска грижа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани