На повидок пресврт во ситуацијата со Иран и Мундијалот!

by Стефан
1 минути читање

Иранската репрезентација и покрај војната што беснее во нивната држава, како што стојат работите планира да настапи на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада, најави денеска Азиската фудбалска конфедерација.

Откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му потврдил дека Иранците се добредојдени на Светското првенство, иранскиот министер за спорт соопшти дека нема начин Иран да настапи поради војната. Потоа, Трамп предупреди дека во случај на настап на репрезентацијата, би можела да биде загрозена безбедноста на нивната делегација.

„Колку што знаеме, Иран ќе игра на Светското првенство. Нема информации дека не би сакале да настапат. Иран има одлична репрезентација и се надеваме дека ќе ги решат своите проблеми и ќе учествуваат на првенството“, изјави генералниот секретар на АФК, Виндзор Пол Џон.

Иран на Мундијалот треба да настапи во групата „Г“ со Белгија, Египет и Нов Зеланд, а два натпревари ќе се играат во Лос Анџелес и еден во Сијетл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×