На повидок нов скандал во Серија А: Голман под истрага – намерно добил жолат картон!?

by Стефан
1 минути читање

Во италијанската Серија А наскоро би можеле да видиме нов скандал со обложување, а во центарот на вниманието е голманот на Удинезе Мадуке Окоје.

Обвинителството во Удине по пријава од Фудбалскиот сојуз на Италија отвори истрага за наводна негова вмешаност во обложување.

Обвинителот на основа на доставените материјали кои се однесувале на дуелот помеѓу Лацио и Удинезе од март 2024 година веднаш апочнал истрага.

На овој натпревар биле вложени многу пари дека голманот ќе добие жолт картон и такво нешто се случило до крајот.

Ако се потврди дека намерно добил жолт картон голманот би можел да добие суспензија и до четири години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани