На повидок најскапиот трансфер во историјата на Атлетико Мадрид, Арсенал извиси за Лаказет

by
2 минути читање

Еден од
најбараните напаѓачи на трансфер пазарот потврди – си заминува од Лион, клубот за неговиот трансфер ќе добие богатство.

Напаѓачот на Лион, 25 годишниот Александре Лаказет своето заминување од клубот го најави во изјава за „ЛЕкип“.

Мислам дека ова
е вистинско време да си заминам, сакам да истражам нешто ново, да ја подигнам
играта на повисоко ниво
“ откри Лаказет.

На прашањето што
мисли за Атлетико Мадрид, фудбалерот на Лион беше мошне прецизен.

Атлетико е добар
тим, тоа е клуб кој неколку години се наоѓа во завршницата од Лигата на
шампионите, истовремено и клуб кој им овозможува на своите фудбалери да
напредуваат, патем таму е и мојот соиграч од репрезентацијата, Антоан Гризман
“ додаде Лаказет.

По ова се
поизвесно е дека Атлетико победи во битката со Арсенал, Ливерпул, Вест Хем и
Борусија Дортмунд кои беа исто така сериозни во намерата да се засилат со
Французинот. Иако се чинеше дека Арсенал е најблиску до реализација на
трансферот на Лаказет, сепак тимот од Лондон на крајот извиси во оваа
ситуација.

Сеуште не се
познати детали околу трансферот во најава, се шпекулира дека претседателот на
Лион, Жан Мишел Ола бара неверојатни 70 милиони евра, наводно Атлетико Мадрид е
подготвен да ја издвои таа сума и да го реализира најскапиот трансфер во
клупската историја.

Сезонава Лаказет
на 44 натпревари постигна фантастичен учинок од 35 погодоци за Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани