На повидок голема трампа помеѓу Арсенал и Манчестер Сити?!

by
2 минути читање

Познато e дека германскиот шампион Баерн Минхен беше мошне загреан во своите редови да го
доведе Чилеанецот од редовите на Арсенал, Алексис Санчез. Но, „Кикер“ пренесува
дека тимот од Минхен ќе се фокусира кон други фудбалери, со тоа ќе се откаже од
фудбалерот чиј договор со клубот му истекува идното лето. Се пропаднало по
големите барања на Арсенал, воедно и личните на Санчез.

Арсенал правеше
напори за да ја продолжи соработката со Чилеанецот, за тој да стави потпис
на нов, долгогодишен договор, но се чини дека нема да има ништо од тоа.

Најновите
информации кои пристигнуваат од Англија велат дека шпанскиот тренер од клупата
на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го пикирал Санчез како таргет број 1 на
трансфер пазарот ова лето.

Арсенал и Манчестер Сити наводно веќе разговарале на опцијата која е се поизвесно дека ќе се реализира, да
направат размена помеѓу Алексис Санчез и Серхио Агуеро.
Она што е интересно, Аргентинецот има
вредност на трансфер пазарот речиси идентична како и онаа на Санчез
(65 милиони фунти), но, Агуеро има важечки договор со Сити до 2019. година.

Од друга страна,
вреди да се напомене дека Арсен Венгер има нескриена желба да го засили нападот
со Алехандре Лаказет од Лион, но од челниците на францускиот клуб му порачаа на
премиерлигашот да издвојат
65 милиони евра доколку сакаат да го добијат одличниот напаѓач. Опцијата за договор со Сити дојде речиси како „порачана“ за Венгер по подговорот кој го доби од челниците на Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани