На оваа мајсторија капа симнува и Фернандеш, Мата покажа дека класата е вечна (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Хуан Мата уште еднаш покажа дека класата е вечна, Шпанецот на залезот од кариерата игра во Австралија, каде утрово мајсторки погоди од слободен удар.

Хуан Мата неколку години е далеку од гоемата сцена, по заминувањето од Манчестер јунајтед одигра една сезона во Галатасарај а потоа се реши за авантура на Далечниот Исток, прво играше во Јапонија а сега и во Австралија.

Но Шпанецот утрово уште еднаш покажа дека класата е вечна, маестрално погоди од слободен удар на натпреварот помеѓу Мелбурн Виктори и Сиднеј ФК.

Интересно, Бруно Фернандеш и Хари Мегваер го следеа натпреварот во тренинг центарот на Манчестер јунајтед и го овековечија овој момент.

„Ќе шутира преку живиот ѕид?“ – се слуша како прашува Мегваер. „Сигурно, мора“ – е одговорот на Бруно.

Токму тоа и го направи Мата, го префрли живиот ѕид и погоди во аголот, голманот на Сиднеј ФК немаше шанси да одбрани.

„Знаев! Каква доверба имам во момчево, го снимав во живо“ – заврши Фернандеш и го објави видеото на Инстаграм стори.

ФОТО: X/Melbourne Victory

Можно е и ова да ти се допаѓа

×